Општина Тетово ќе казнува, демолирани таблите за зонско паркирање

од Берта Китинска
218 прегледи

Табла за зонско паркирање пред зградата на Општина Тетово е оштетена изминатата ноќ, од општината информираат дека ќе почнат со пријавување на случаите до надлежните установи и казнување на сторителите.

-Сeкој ден сме сведоци на вандалски дејствија врз општина Тетово. Денешниот случај, демолирањето на таблите за зонско паркирање близу зградата на општината го докажува тоа. Секоја јавна штета е штета за сите граѓани и го оштетува буџетот на самите граѓани. Општина Тетово секое вакво дело ќе го достави до надлежните органи, и се надеваме дека сите овие случаи ќе бидат расчистени, а сторителите ќе бидат казнети согласно законот, се вели во соопштението од Општина Тетово.