Дехари единствен знаменосец на Македонија на ЗОИ во Пекинг

од Vladimir Zorba
352 прегледи

Единствен носител на македонското знаме на отварањето на зимските Олимписки игри Пекинг 2022 ќе биде Дардан Дехари.

На Дехари друштво требаше да му прави Ана Цветановска (која на сите КОВИД тестови е негативна), но поради близок контакт со својот тренер Борче Јованоски (два пати позитивен на Ковид 19), нема да може да го носи македонското знаме.

Доколку има два последователни негативни теста, со посебно одобрение, Борче Јованоски ќе може веднаш од специјализираниот Ковид хотел да се врати во Олимпиското село во Пекинг.

Слични содржини