Ахмети не сака една изборна единица: Посоодветен е сегашниот модел

од Nikola Popovski
244 прегледи

Денеска му посакав добредојде на амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, г. Хозе Луис Лозано Гарсија со кого разговаравме за континуитетот на пријателските односи меѓу нашите земји и перспективите за евроинтеграција на нашата земја, објави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Ахмети изрази благодарност за брзата ратификација на Протоколот од страна на шпанскиот парламент кој овозможи членство на нашата земја во НАТО.

-Амбасадорот Гарсија даде голема поддршка за надминување на спорот со Бугарија и започнување на преговорите со Европската Унија, информира Ахмети.

Лидерот на ДУИ додал дека сегашниот модел со шест изборни единици е посоодветен од моделот со една изборна единица. Според него, за промена на Изборниот законик и изборните единици потребни се поширок консензус и усогласеност со сите политички фактори во државата, а прашањето треба да се постави на расправа во Собранието.

Слични содржини