Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавува дека можни се протести и, како што вели, бунт против централната власт.
-Од новото раководство на партијата очекувам да ја преземе улогата за формирање широк и сенароден отпор против Владата. Ќе повикам на општествена поддршка. Тоа што го гледаме на анкетите и јавното мислење треба да се преслика на терен. Доколку не се преслика, ние сме биле во заблуда. Не треба многу да се мудрува и да се прави анализи. Доволно е да се гледаат утринските емисии и да се види незадоволството на граѓаните, рече Мицкоски во гостувањето на емисијата „Само интервју“.