Немаме притисок од членството на ВМРО-ДПМНЕ за вработувања по општините, вели лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски во гостувањето на емисијата „Само интервју“.
Според него, притисокот е од граѓаните за подобро општество и повисоки плати.
-Мала е атрактивноста за работа во општините поради ниските примања. Сакаат надвор од општините да ја градат иднината. Таква е состојбата. Таков притисок имаме, одговори Мицкоски на прашањето.