Уапсено лице кое крадело струја

од Nikola Popovski
289 прегледи

МВР информира дека е приведено лице поради издржување затворска казна за кражба на струја.

-На 03.02.2022 на ул.„Речиште“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Љ.(28) од Скопје. За него била распишана потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 235-а од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје за издржување на казната, велат од полицијата.