Пендаровски се поклони пред гробот на Гоце Делчев

од Nikola Popovski
217 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски се поклони и положи цвеќе пред гробот на Гоце Делчев во дворот на црквата Свети Спас во Скопје, по повод 150-годишнината од раѓањето на револуционерот.

После него, почит оддадоа и од Владата, која беше претставена од првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и заменик-министерот за информатичко општество, Александар Бајдевски.

Во текот на денот се очекува и бугарска делегација на гробот, која ќе ја предводи тамошната министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска.

Заедничкото чествување меѓу Македонија и Бугарија е трето последователно.

Пред црквата „Свети спас“ е видливо и зголемено полициско присуство.

Слични содржини