МВР информира дека во вчерашната сообраќајната несреќа во близина на бензинската пумпа кај „Краварски пат“ на влезот од Битола, учествувале патничко возило „ауди А7“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(20) од битолското село Жабени и автобус „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од Н.Б.(52) од село Јанковец, ресенско, при што удриле во паркирано влечно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки.
Како што информираа денеска од СВР Битола, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле над 20 лица и тоа возачот Н.Б., а со телесни повреди возачот Б.Б. и патниците во автобусот Љ.Д.(25), Г.С.(48) и Ф.Ѓ.(31), тројцата од с.Јанковец, ресенско, Ј.Н.(42) од с.Златари, ресенско, С.Ј.(50) и С.Ј.(50) од с.Лева Река, ресенско, Ф.З.(52), И.М.(40), А.К.(28), М.Н.(47), Б.Г.(28) и В.П.(66), Н.Ѓ.(60), Ж.Ц.(51), Љ.А.(60), И.Р.(57), В.П.(42) и А.Б.(37), сите од Ресен, како и Ф.Т.(25) и Е.Т.(50), двајцата од село Избишта ресенско, констатирани во Клиничката болница Битола.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола, информираа претпладнево од секторот за односи со јавност.