159
Претседателот Стево Пендаровски не гледа проблем во заедничкото чествување на Гоце Делчев со Бугарија.
-За мене не е проблем, иако не знам дали е формална одлука на Мешовитата историска комисија. Заедно сме чествувале и претходно. Политичарите не можат да прејудуцираат побрзи решенија. Затоа сметам дека денешниот чин е за добра волја, како чин кој ќе ни помогне, а не да ни одмогне, вели Пендаровски како одговор на новинарско прашање.
-Сите знаеме кој е Гоце Делчев, сите сме учеле, не би трошел зборови. Не гледам проблем некој од нашите соседи да искажува почит кон камен-темелниците на нашата држава, додаде Пендаровски.