235
Сојузот на синдикати денеска го одржува едночасовниот предупредувачки протест пред Организацијата на работдавачи во центарот на Скопје.
Тие предлагаат минималната плата да биде 18.000 денари и да има скалесто зголемувње на останатите плати. За ССМ е неприфатлив предлогот на работодавачите минималната плата да изнесува 16.164 денари.
-Крајно време е да се цени работникот во земјава. Исто така бараме и регрес за сите вработени во јавниот сектор. Не отстапуваме од ова, рече Дарко Димовски од ССМ на протестот.
За денеска во 16 часот е најавена нова средба меѓу ССМ, работодавачите и Владата, по што ќе се знае дали минималната плата ќе се зголеми веднаш или ќе следува генерален штрајк на работниците.