ВИДЕО: Путин дремна за време на отворањето на Олимписки Игри додека украинските спортисти маршираа

од Берта Китинска
238 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг, во време кога во источна Европа се одвива голема драма, поради страв од руската инвазија на Украина.

Според светските медиуми, Путин наводно бил фатен како „спие“ за време на свечената церемонија кога украинските спортисти се појавиле пред публиката на стадионот.

Рускиот претседател седеше со скрстени раце и затворени очи додека украинските спортисти излегуваа на стадионот „Птичјо гнездо“. Фотографијата на рускиот лидер го обиколи светот, на која се гледа како Путин седи сам во редот, со затворени очи како да спие. Можно е Путин навистина да заспал за време на програмата, но можно е и се да изгледало баш така, бидејќи во тоа време парадирале украински спортисти.