Сабев: Првиот лет Софија-Скопје на 11 февруари

од Берта Китинска
300 прегледи

Министерот за транспорт на Бугарија Николај Сабев за БНТ изјави дека првиот лет за Скопје ќе биде на 11 февруари, а редовните летови ќе започнат во март.

Заедно со Сабев во Скопје ќе бидат и претставници на тур-оператори од Бугарија, кои ќе се сретнат со нивните македонски колеги. Заедно со двајцата ресорни министри на разговорите ќе учествуваат и најголемите инвеститори во областа на туризмот од Бугарија.

Тур-операторите од Бугарија и Северна Македонија ќе треба да договорат туристички пакети за посетите на туристите од двете земји да станат профитабилни и атрактивни.
Бугарија, како што најави, ќе предложи состанок на министрите за транспорт од Северна Македонија и Албанија со Европската комисија за Коридорот 8 да се трансформира во Коридор на Западен Балкан.

– Ќе биде финансиран од Европската комисија, изјави бугарскиот министер за транспорт Николај Сабев.

Слични содржини