Уште еден повик за смена на Борис Џонсон од премиерската функција

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Поранешниот конзервативен министер Ник Гиб стана уште еден пратеник кој поднесе писмо за недоверба на Борис Џонсон со зборовите „Треба да го смениме премиерот“.

Ник Гиб во „Дејли Телеграф“ напиша дека „ториевците мора да се соочат со суровата реалност, да ја вратат довербата на луѓето и да го сменат премиерот“.

Претходно во петокот, друг конзервативен пратеник, Арон Бел, рече дека „Партигејт“ и однесувањето на премиерот, по наводите, ја направија неговата позиција „неодржлива“ и исто така предаде писмо на „Комитетот 1922“.

Вкупно 14 пратеници веќе јавно побараа оставка на премиерот, а 9 од нив поднесоа и недоверба. За да се дојде до гласање потребни се 54 вакви писма. Конзервативната партија има 360 пратеници во Долниот дом.

Писмата, поднесени синоќа, доаѓаат откако пет блиски советници на премиерот поднесоа оставки. И покрај зголемениот притисок врз Џонсон да се повлече од функцијата, неговиот портпарол рече дека тој има целосна контрола врз Даунинг стрит.

Во меѓувреме, полицијата ги истражува собирите на Даунинг Стрит за време на „локдаунот“. По неговото објавување, кое не е јасно кога ќе биде, целосниот извештај на државниот службеник Сју Греј мора да биде објавен.

Слични содржини