229
Британскиот премиер Борис Џонсон и францускиот претседател Емануел Макрон во саботата телефонски разговарале за ситуацијата во Украина, се вели во соопштението на Даунинг стрит 10, јавува Anadolu Agency (AA).
Џонсон и Макрон меѓусебно се информираа за нивните разговори со меѓународните партнери за руско-украинската криза.
Тие се согласија дека изнаоѓањето дипломатско решение за сегашните тензии мора да остане главен приоритет.
Водачите рекоа дека НАТО мора да биде обединет во соочувањето со руската агресија.
Џонсон и Макрон се согласија да продолжат да работат заедно за да развијат пакет санкции што ќе стапат во сила веднаш доколку Русија ја нападне Украина.