Француски аналитичар: Албанците не сакаат независно Косово, туку обединување со Албанија

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Аналитичарот од Франција, Пол Антоан, оцени дека Албанците не сакаат независно Косово, туку обединување со Албанија, што го спроведуваат и сега.

– Ситуацијата во Косово се врти против Западот, кој веруваше дека вештачки може да се создаваат држави. Косово не е борба за независност, тоа е војна за територијата меѓу Србија и Албанија. Народ на Косово не постои, има само Албанци и Срби – вели Антоан во интервју за денешниот „Вечерње новости“.

Тој додаде дека Албанците не сакаат независно Косово и дека сега ја исполнуваат својата намера да се спојат со Албанија.

Францускиот аналитичар оцени дека во Европа има се повеќе земји кои не се согласуваат со официјалната политика на Брисел и го наведе примерот на Унгарија која гласа против сите мерки поврзани со Косово, потоа Полска и до одреден степен Италија.

Антоан смета дека Западот повеќе не може да го толерира Албин Курти, но тоа не значи дека тие се на страната на Србија која ја бомбардираа пред 20 години и затоа не можат да се предомислат.

– Затоа единствен излез им е Србија да го признае Косово. Ако Србија не го направи тоа, тоа ќе биде пораз на Западот. Србија никогаш не треба да го прави тоа. Косово не е албанско, тоа е српско – експлицитен е Антоан.

Тој рече дека во Франција се менува мислењето за ова прашање и наведува дека двајца од тројцата претседателски кандидати во таа земја се против независноста на Косово.

– Жан-Лук Меланшон и Марин Ле Пен неколкупати јасно го кажаа ова. Ерик Земур неколку пати повтори дека Косово било грешка, а имаат голем број гласачи – рече Антоан.