268
СВР Куманово поднесе кривични пријави против В.М.(51) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и против С.Ј.(25) од Радовиш, Р.М.(24) од Струмица, О.Ј.(23) од Радовиш, Џ.С.(43) од Радовиш, М.Р.(25) од Радовиш, С.С.(18) од Радовиш, Е.С.(47) од Радовиш, Е.Д.(65) од Радовиш, К.Р.(23) од Радовиш, С.Д.(67) од Радовиш и А.М.(24) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”.
Првопријавената, во текот на 2021 година изготвувала фалсификувани ПЦР тестови за Ковид-19 и ги продавала на лица кои имале потреба да патуваат во европските земји.