СДСМ: Арсовска да не се правда , да почне да работи и да реализира проекти

од Берта Китинска
259 прегледи

Наместо да се правда и крие преку соопштенија, Данела Арсовска конечо треба да почне да работи и да реализира проекти.Колку Арсовска и Град Скопје се грижат за чист воздух покажува фактот што сериозно го намалија буџетот на за животна средина и субвенционирање на набавка на инвертори, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека факт е дека депониите не само што не се чистат туку и редовно никнуваат нови.

-Но нерботењето освен кај Арсовска очигледно е одлика и кај градската администрација, па Град Скопје денеска пласира соопштение и реакција на вчерашна изјава на СДСМ.Три месеци и беа доволни на Арсовска за да се покаже како најнеуспешен градоначалник на Град Скопје и тоа не може да го покрие ниту едно соопштение на Град Скопје, ниту една прес-конференција од нејзината ВМРО-ДПМНЕ, посочуваат од партијата.