Велика Британија: Лажни се тврдењата на Русија дека не планира да ја нападне Украина

од Берта Китинска
287 прегледи

Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас, денеска изјави дека тврдењата на Русија дека таа не планира да ја нападне Украина се лажни и дека Британија и нејзините сојузници се решени „дебело да и наплатат“ на Москва доколку преземе, како што се наведува, “понатамошна акција”.

Поврзувајќи го твитот од „Вашингтон пост“ за американската проценка за плановите на Русија, Трас рече дека сериозноста на намерите на Русија се јасни, пренесе Ројтерс.

„Руските дејствија покажуваат дека нивните тврдења дека не планираат да ја нападнат Украина се лажни. Ние и нашите сојузници стоиме обединети во поддршката на Украина. Одлично ќе и „наплатиме“ на Русија ако преземе дополнителни чекори“, рече Трас.

Слични содржини