„Чист Охрид“ заедно со „Енхелеус Лихнид“ и „Еко Туризам“ исчистија уште една мини депонија создадена од несовесни граѓани од плажата кај поранешната детска болница во Охрид.
„Повторно упатуваме апел да се собира ѓубрето што го создаваме сите ние и да го одложуваме таму каде што му е место. Тоа е првиот чекор кон унапредување на животната средина за која сите ние треба да се грижиме!“, посочуваат од охридската неформална еколошка организација.