Рецепт: Шпагети со пилешко

од Vladimir Zorba
518 прегледи

Одличен предлог за понеделнички ручек:

Состојки:

– 200-300 гр шпагети
– 200-300 гр пилешко бело месо
– презла (количина по вкус)
– Малку сирење
– масло, сол
– магдонос

Подготовка:

Сварете ги шпагетите во вода со малку масло.

Сварете го цело пилешк или исечете го на коцки, посолете и пропржете на масло.

Во меѓувреме на малку масло пропржете ја презлата.

Најпрво во чинија послужете ги тестенините, врз нив ставете го месото, посипете ги со презла, рендано сирење и малку сечкан магдонос.

Пријатно!

Слични содржини