Ограбувал жени на дрзок начин: Маж осомничен за две тешки кражби

од Берта Китинска
410 прегледи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 53-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Тешка Кражба по член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство.

Осомничениот на 29.12.2021 година, во Градскиот Трговски Центар, на дрзок начин одзел еден женски паричник, во кој имало парични средства во износ од 100 денари, лична карта, здравствена картичка и неколку банкарски картички. Тој го искористил невниманието на оштетената и моментот во движење кога ги ставала своите купени производи во кеса, се движел до неа и се доближил, па со протнување на раката во левиот џеб на јакната, го зел паричникот. Без да биде забележан го напуштил местото на настанот, а во текот на денот, во неколку наврати, од два банкомати, со одземените кредитни и дебитни картички успеал да извади и да земе парични средства во износ од 63.000 денари.

На 04.02.2022 година, на автобуската станица пред зградата на МАНУ, на дрзок начин одзел еден мобилен телефон во вредност од 20.000 денари. Тој го искористил невниманието на оштетената и толпата патници кои влегувале во автобусот и во моментот кога оштетната го ставила мобилниот телефон во десниот џеб од својата јакна, осомничениот се втурнал во нејзина близина на скалите при влезот во автобусот, со раката го извлекол и зел мобилниот телефон од џебот, со намера противправно да го присвои. Потоа веднаш се симнал од автобусот, се свртел и почнал да се движи по тротоарот, но бил забележан и задржан од полициски службеници, лишен од слобода и спроведен во полициска станица.

Слични содржини