240
Во градинките од 28.01 до 04.02.2022 година има евидентирано 75 вработени лица и 24 деца позитивни на ковид-19. Активни 254 вработени и 47 деца на ниво на Македонија. Состојбата е под контрола и до денес не е голем бројот на заразени, истакна во „Студио 10“, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
Министерката додаде дека родителите не треба да се грижат зошто постојано се води евиденција и на дневна и на неделна основа.