Ковачевски: Платите во ТИР зоните од 2017 година пораснаа за 7.000 денари

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Премиерот Ковачевски ги посети реномираните и успешни компании „Адиент” и „Кондево” во Трговско индустриската и развојна зона Штип каде вработените работат во современи, и пред сѐ безбедни услови. „Адиент” и „Кондево” се компании во кои постојано се вложува во опрема и иновации согласно најновите светски трендови, и каде вработените придонесуваат за извоз на производи со врвен квалитет.

Согласно анализите на Дирекцијата на ТИРЗ, после 2017 година бројот на вработени и на платите во фабриките во зоните е во постојан раст. Во периодот 2010 – 2016 година просечната плата во ТИРЗ изнесувала 21.700 денари, додека во периодот 2017 – 2020 година нето платите во просек достигнуваат 28.686 денари. Дополнително, просечниот број на вработени во ТИРЗ зголемен е повеќе од двојно. Во 2016 година регистрирани се 6.282 вработени, а во 2020, 12. 963 наши сограѓани работат во капацитетите изградени во зоните.

„Менаџментот на компанијата „Адиент” вложува и во раст на платите на годишно ниво на 1.700 вработени наши сограѓани. Дополнително, инвестицијата на „Адиент” во земјава, изнесува 20 милиони евра. Покрај оваа фабрика, тука во Штип, активно работи и нивната фабриката во ТИРЗ Струмица. Оваа реномирана компанија минатата година постигна нето извоз од скоро 12 милиони евра, при што извозот изнесува 69 милиони евра, а увозот е 57 милиони евра”, истакна Ковачевски.

Буџетот на државата во досегашниот период остварил близу 11 милијарди денари приходи по различни основи од компаниите во ТИРЗ. Во 2020, компаниите во ТИРЗ уплатиле над 2,4 милијарди денари во државната каса на име придонеси од задолжително социјално осигурување, трошоци за даноци на плати и надоместоци на плата и данок на добивка. Тоа е речиси четирикратно зголемување во однос на 2016 година.

И во услови на пандемија и глобална криза, постигнати се договори за инвестиции во вкупен обем од 188 милиони евра кои треба да донесат нови 2.700 работни места. Во напредна фаза на преговори се дополнителни инвестиции близу 300 милиони евра со нови над 1.500 вработувања. Трендот на зголемување на инвестициите и во овој мандат од 2021 – 2024 година се очекува да продолжи уште повеќе да расте.

Во оваа насока, Ковачевски го потенцираше и го поздрави амбициозниот план за новата инвестиција на компанијата „Кондево”. Станува збор за инвестиција од над 35 милиони евра за која веќе менаџментот на „Кондево” достави план до Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони, а тоа значи и нови 288 вработувања.

Во ТИР зоната Штип во тек е реализацијата на најголема капитална инвестиција во инфраструктура во зоните до сега, во износ од 430 милиони денари, со што значително ќе се унапредат условите за влез на нови инвестиции.

Слични содржини