Петровска: АРМ не може да навлезе на територија на држава која не припаѓа на НАТО

од Nikola Popovski
451 прегледи

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска уште еднаш потврди дека Македонија ја поддржува позицијата на НАТО и ги насочува воените активности.

-Проценките се тајни и се во структурата на НАТО, односно се во степен на класифицираност. НАТО има цел да ги штити териториите на државите во Алијансата, информира Петровска во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител, одговарајќи на прашањето дали е можно војници од АРМ да бидат вклучени во можниот украинско-руски конфликт.

Според неа, досега од нашата армија не е побарано да учествува во воени конфликти.

-Ги следиме насоките на НАТО. Веќе учествуваме во механизмите и нема да бидеме изненадени од одлуката. Сепак примерот со македонските војници е јасен – не можеме да навлеземе на територија на држава која не припаѓа на НАТО, во случајов Украина, појасни Петровска, додавајќи дека досега од Македонија не е побарано да прими дополнителни воени трупи од Алијансата и дека таквата одлука ќе биде на државниот врв и претседателот.

Слични содржини