Дарко Димовски од Сојузот на синдикати на Македонија вечерва изјави дека е задоволен од одлуката за покачување на минималната плата за работниците и упати голема благодарност до сите за поддршката.
-По макотрпна борба добивме минималната плата од 18.000 денари, со разбирање од нашите социјални партнери. Владата застана позади нас и тоа се докажа денеска. Платата ќе изнесува 62% од просечната плата, информира Димовски на прес-конференција во Владата.
Според него, со ова и сите останати плати согласно законот и коефициентот и колективните договори, ќе се зголемат.
-Одиме понатаму, многу сум задоволен. Продолжуваме во борбата за регресот на јавниот сектор. Ќе се отвори и таа дебата. Им благодариме и на работодавачите, не беа себични, не не попречија и ја согледаа егзистенцијалната потреба на работникот, додаде Димовски.