По завршувањето на својот говор, претседателот на ССМ, Дарко Димовски побара една заедничка фотографија со премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Организацијата на работодавачи, Владанка Трајковска.
-Извинете што сум вака премногу емотивен, но ова доаѓа после тешка и егзистенцијална борба. Денеска сите сме победници и нема незадоволни. Ова беше тежок период. Се убедувавме и исходот го гледате. 100 проценти реализација на тоа што му е потребно на работникот. Благодарност до премиерот и претседателката на работодавачите. Ова е фотографија за работодавачите, порача Димовски на прес-конференцијата во Владата.
Со денешната одлука на Економско-социјалниот совет, 80.000 работници во различни индустрии од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари. Оваа сума, означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно.