Макрон по средбата со Путин: Се уште има шанса да се најде мирен пат за Европа

од Nikola Popovski
220 прегледи

По средбата во Кремљ во тек е прес-конференција на претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон. Францускиот лидер изјавил дека се уште има шанса да се најде мирен пат за Европа.

-Сега сите треба да најдеме мирен пат за Европа и пат на стабилност, се уште има можност и време за тоа, рече Макрон на прес-конференција.

Макрон ги нарече значајни преговорите со неговиот руски колега.

Нешто подолго од пет часа, односно речиси до полноќ по московско време (10 часот по средноевропско време) траеја преговорите меѓу претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон. Лидерите средбата ја започнале насамо, а потоа разговорот го продолжиле на работна вечера.