Велат дека годините се само бројка и тоа секако е точно кога се Зимските олимписки игри во прашање. Речиси 3.000 спортисти, млади и стари се собраа во Кина оваа година.
Најмладата од натпреварувачките во Пекинг е Анезка Индраcкова, родена на 30 јули 2006 година. Чешката спортистка која ќе се натпреварува во дисциплината ски скокови има само 15 години и шест месеци и нема големо искуство во елитните натпревари.
Ова е нејзина прва година како се натпреварува на меѓународно сениорско ниво. Кога станува збор за олимпијците, најмлад учесник е Густав Легнавски, кој е роден на 23 септември 2005 година.
Легнавски од Нов Зеланд е најмладиот спортист меѓу машките натпреварувачи кои учествуваат на Зимските олимписки игри во Пекинг и има само 16 години.
Тој ќе се натпреварува во дисциплината снуоборд халфпајп.
Кога станува збор за најстарите учесници на Зимските олимписки игри во Пекинг, највозрасна од сите учесници и натпреварувачи е Германката Клаудија Пехштајн, родена на 22 февруари 1972 година, која се натпреварува во брзо лизгање.
Откако во саботата настапи во трката за златен медал за жени на 3.000 метри, 49-годишната Пехштајн сега го дели рекордот по бројот на настапи на Зимските олимписки игри со легендарниот јапонски скијач Нориаки Касаи, кој веќе учествуваше на седум претходни натпревари.
Торгер Нергард, роден на 12 декември 1974 година, е најстариот од олимпијците од Пекинг.
Овој 47-годишен Норвежанец се натпреварува во карлинг и ова му се шести Зимски олимписки игри.
Најмладиот натпреварувач во историјата на Зимските олимписки игри сè уште е Британката Сесилија Колеџ, кој се натпреваруваше во дисциплината уметничко лизгање на Игрите во Лејк Пласид во 1932 година со 11 години и 73 дена.
Најстариот учесник на ЗОИ е Швеѓанецот Карл Аугуст Кронлунд, кој се натпреваруваше во карлинг на ЗОИ одржани во 1924 година на возраст од 58 години и 155 дена.