Биткоинот порасна за 6 отсто на 44.500 долари

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Цената на биткоинот порасна за повеќе од 6 отсто на 44.500 долари, покажуваат податоците на порталот „Coin Metrics“, што е негово највисоко ниво од 5 јануари кога се тргуваше за 47.013 долари.

Најголемата криптовалута во светот по пазарна капитализација во времето на пишувањето на овој материјал се тргуваше за 44,796.19 долари, што е раст од 16.54% во последниве 7 дена.

Растот на вредноста на биткоинот започна во петокот, по објавувањето на силните јануарски податоци за вработеноста во САД, кои значително ги надминаа очекувањата.

Вредноста на биткоинот е повеќе од кога било под притисок на различни шпекулации за идното економско движење на САД, поради што новите институционални инвеститори го третираат како ризично средство. Сепак, сè уште нема консензус за тоа како најдобро да се процени вредноста на биткоинот.

Оваа дигитална валута, исто така, го следи растот на цените на акциите на Волстрит, каде што главните берзански индекси остварија големи добивки минатата недела.

Сепак, пазарните експерти не го земаат здраво за готово последниот скок на вредноста на биткоинот, особено откако минатиот месец двапати падна под нивото од 40.000 долари.

Слични содржини