Сликичка на Роналдо продадена за 70.000 евра! (ФОТО)

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Ако мислевте дека собирањето сликички не вреди, размислете повторно. Понекогаш ова хоби може да ви ги наполни џебовите.

Така, еден горд сопственик успеал да продаде многу ретка слика од Кристијано Роналдо во дресот на Спортинг Лисабон за нереални 70.000 евра.

– Ова е слика на еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња. Направена е во Италија за португалскиот пазар. По сите овие години останаа само неколку примероци, бидејќи луѓето најчесто ги фрлаат кога ќе го пополнат албумот – објасни Џејми Солт, кој ја водеше аукцијата.

Во светот има околу 200 слики од овој тип на Кристијано Роналдо, се разбира, се брои само ако е дупликат, или слика што не е залепена во албумот. Сепак, само 20 примероци се одлично сочувани и добија оцена од 10 од колекционерите, што е единствената шанса да се најде на аукција.