По празниците предвидовме дека бројките енормно ќе растат. За вчера 45% од тестовите се позитивни, за овој регион, очекувано е овие 2 недели бројките да бидат исклучително високи, вели д-р Сашо Олумчев за “Студио 10“.
-Кај младите сега најмногу циркулира вирусот, има пораст на заболени и деца и наставници. Кај матичните лекари е зголемена бројката на прегледи. Побарувачката на термини за тестирање е зголемена. Опаѓа бројката на хоспитализирани, но да почекаме, не знаеме како вирусот ќе продолжи. Сега ќе има висок раст на заболени, ако е Омикрон нема да има притисок врз здравствениот систем, но ако се врати делта сојот, тој притисок ќе расте. Има многу мал опсег на вакцинација, немаме ни 20% на вакцинирани со бустер доза. Во моментов ќе мора повторно како лекарска фела да им објасниме на луѓето да бидат потрпеливи. Вакцините штитат околу 3-4 месеци, па треба или да се ревакцинираме или повторно да заболиме. Со Омикрон сојот требаат 2 секунди да се заразите, вели Олумчев.