Водителот и комичар Ник Кенон (41) добил на подарок автомат за кондоми откако објави дека ќе го добие своето осмо дете. Комичарот неодамна објави дека чека дете со Бри Тиези, откако пред неколку недели откри дека неговиот син Зен со манекенката Алиса Скот починал од рак на мозокот на 5-месечна возраст.
Во понеделникот, водителот на ток-шоу сподели своја фотографија на која стои покрај автомат за кондоми.
– Изгледа некој штотуку ми испрати подарок за Денот на вљубените! Вендинг машина полна со Магнум – напиша Канон.
Комичарот неодамна откри и дека неговиот терапевт го советувал да влезе во целибат откако ја споделил веста дека Тиези е бремена.
Кенон го започна целибатот откако за помалку од една година пречека четири деца со три различни жени, а со оглед на тоа што ова му е осмо дете, целибатот се чини не му одговара.