Абазовиќ: Подготвен сум да бидам премиер

од Nikola Popovski
314 прегледи

„Никогаш не сум избегал од никаква одговорност…. Секој што води малцинска влада мора да биде жртва… Ако некој треба да се жртвува, јас сум тука. Подготвен сум“, изјави за Дојче веле лидерот на Граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ, за тоа дали размислува да ја преземе премиерската функција.

Веројатниот мандатар за идната црногорска влада, Абазовиќ, вели дека неговата партија веќе разговарала за концептот на нова влада со СНП и малцинските партии, како и со Демократскиот фронт и Демос.

Според него, за некои од нив таа идеја била веднаш прифатлива, додека за други е сè уште нејасна, па размислуваат дали да влезат во владата или не.

„Очекувам некаде кон крајот на неделата или почетокот на следната недела претседателот да има консултации со можност некому да му додели мандат, да се обиде да формира влада, ако како решение се појави нешто одржливо, мислам можеме релативно брзо да го завршиме. Ако не, тогаш во одреден момент треба да се распишат нови парламентарни избори и да се одржат заедно кога ќе бидат локалните“.

Повторува дека новата влада не значи враќање на ДПС и дека самата партија кажала дека нема да биде дел од владата.

Слични содржини