Ковачевски разговарал со Петков за инцидентот на гробот на Делчев: „Провокатори секогаш ќе има“

од Nikola Popovski
254 прегледи

„Провокатори секогаш ќе има“, со овие зборови бугарскиот премиер Кирил Петков го прокоментирал инцидентот после положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев, во телефонскиот разговор со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

„Ќе имаме нулта толеранција за провокации и веруваме дека тоа никако нема да ги забави или запре нашите постапки. Имаме заедничка цел, а тоа е добрососедство и добри односи“, додал Петков во разговорот, објави „БНР“.

Министерството за надворешни работи претходно остро го осуди инцидентот, кој бил извршен од членови на навивачки групи, кои на нецивилизиран начин ги отстранувале лентите од венците кои биле положени од страна на бугарските официјални претставници за време на оддавањето почит на гробот на Гоце Делчев.

-За овој настан, МНР официјално ја извести Република Бугарија дека надлежните институции на С. Македонија веќе ги презедоа сите потребни чекори и постапки со цел откривање на сторителите на овој немил инцидент, преку кој се прави обид да се фрли сенка на обележувањето и чествувањето на смртта на Гоце Делчев, на неговиот гроб, но и на угледот на нашата држава и на делегациите од Бугарија кои учествуваа на овој свечен чин на чествување на оваа голема историска личност, значајна за сите нас, соопштија од македонското МНР.

Слични содржини