Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски ја поздравува новата енергија и дух во преговорите меѓу Македонија и Бугарија.
-Двајцата нови премиери го внесоа тоа, не дека тој дух не постоеше кај Заев. Очигледно за жал, кај Бугарите немаше разбирање додека тој беше премиер. Не можеме, а да не го препознаеме новиот ветар, вели Георгиевски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Георгиевски смета дека и во двете општества има душегрижници кои наоѓаат мааани на се и сешто.
-Во бугарската политичка сцена некои измислуваат проблеми каде ги нема, зошто Петков дошол во Скопје, зошто Ковачевски не бил на „баци рака“ во Софија итн. Додека пак овде, имам чувства дека ботови без да видат што се случува реагираат по автоматизам, информира поранешниот премиер.
Георгиевски додава дека правото на вето е погрешна одлука на Софија.
-Јас и тоа им го кажав таму дека со ветото не решаваат ништо, оценува тој.