Народната банка вечерва ги демантираше тврдењата на хакерската група „Моќна грчка армија“ дека е хакиран нивниот сајт.
-Секој што ќе ја посети www.nbrm.mk, ќе се увери дека нема хакерски напад. Во изминатиот период имаше обиди, но безбедноста на информацискиот систем на Народната банка никогаш не беше доведена во прашање, соопштија вечерва од НБРМ.
Од таму додаваат дека НБРМ, во склад со глобалните трендови постојано работи на зајакнување на отпорноста на информацискиот систем, преку зајакнување на сигурносните заштити и на сите останати потребни ресурси.
Грчките хакери под името „Моќна грчка армија“ вечерва објавија дека го нападнале сајтот на Народна Банка, објавувајќи на својот Твитер профил.
The National Bank of North Macedonia #Offline #PGA #OpEndMacedonia
– https://t.co/R019mlQbHZ@narodna_banka pic.twitter.com/4hvvm40yYv— Powerful Greek Army (@PowerfulGRArmy) February 8, 2022