Цела година ВМРО-ДПМНЕ го блокира законското решение за трансформација на работниот однос на 4.700 наставници во образованието од определено на неопределено работно време. Го блкокира и покачувањето на нивните плати, преку усогласување според минималната плата, изјави пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска.
Таа истакна дека десктруктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ е на директна штета на наставниците, стручните соработници и работниците.
„ Трансформацијата на работниот однос освен што ќе обезбеди трајно вработување, ќе обезбеди и повисоки плати, како на овие 4.700 наставници и стручни соработници, така и на сите наставници и стручни соработници. МОН и репрезентативниот синдикат склучуваат спогодба, со која се утврдува износoт на вредностa на бодот за пресметување на платите на наставниците и стручните соработници.
Вредноста на бодот за пресметување на платите на наставници и стручни соработници се усогласува со процентот на пораст на минималната плата, со зголемување на минималната плата, се зголемува и платата на наставниците и стручните соработници“ рече Лазаревска.
Таа ѝ порача на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да престане со, како што рече, неодговорното постапување и да се откаже од блокадите на ова, но и на другите законски решенија кои носат придобивки за граѓаните.
„ СДСМ и ова мнозинство ја зголеми минималната плата од 8.800 денари во време на ВМРО – ДПМНЕ на 18 000 денари. СДСМ се грижи за работниците. Ние како парламентарно мнозинство ќе сториме се блокадите да бидат надминати и измените на важните закони да бидат донесени. Остануваме посветени на мерки и решенија кои го подобруваат економскиот стандард и носат придобивка за сите граѓани“ додаде Лазаревска.