Сали: Ниската стапка на вакцинација е една од причините за голема смртност од корона во земјава

од Nikola Popovski
368 прегледи

На неделна основа ја анализираме неделната епидемиолошка состојба и врз основа на неа носиме одлуки и чекори што ќе ги преземеме. Во моментов пикот на омикрон е во благо опаѓање и сега доаѓаме во фаза на хоспитализации, вели министерот за здравство, Беким Сали во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Според него, од аспект на кадар и простории здравствени власти имаат доволно за справување за хоспитализација на пациентите.

-Нашето општество има отпор кон вакцинација и тоа е голем проблем. Немаме финално решение за тоа. Ќе продолжуваме да апелираме и да обезбедуваме вакцини и понатаму, информира Сали.

Од посетите на неколку ковид-центри низ земјава, министерот потенцира видел добра грижа и макотрпна работа на здравствените работници.

-Има максимални напори. Жално е што е низок бројот на вакцинирани. Гледаме пациенти кои се жртви на пропаганда, за која е необјасниво зошто се прави. Теории на заговор, неспособност… Ние се трудиме да ги развиваме нашите позитивни политики, рече Сали, додавајќи дека една од позначајните причини зошто имаме висок број на починати од корона од почетокот на пандемијата е ниската стапка на вакцинација.

Слични содржини