Министерката за одбрана, Славјанка Петровска вели се води интензивна хибридна војна кон земјите членки на НАТО.
-Ваквата војна е насочена кон земјите членки на НАТО и оние кои ги застапуваат ставовите. Територијалниот интегритет на Украина е нешто што го почитуваме како самостојна држава и тој став не се коси со ниту едни принципи. Ја поддржуваме политиката на НАТО и желбата на Украина да влезе во Алијансата. Ја поддржуваме политиката на отворени врати и секоја земја да одлучува за својата иднина. Постојат процедури и услови кои Украина мора да ги исполни, исто како што ние ги исполнивме на патот. Сметам дека со ова не повредивме ничии чувства, оценува Петровска во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Во однос на тоа доколку се побара вклучување на македонски војници во можниот украински-руски конфликт, Петровска вели дека одлуката за ангажманот на нашата армија се носи во рамките на домашниот политички врв.
-Треба да се произнесеме по барањето на НАТО. Немаме конечен став и ги анализираме сите ситуациии. Сме отвориле дебата, но не сме донеле заклучок. Сепак е рано. Во моментов е битно да се даде приоритет на дипломатското решение, додава министерката.