541
Позитивно изненаден сум од ставот на ВМРО-ДПМНЕ и сакам да им честитам. Им требаше 150 години од раѓањето на Делчев и 32 години од основањето на партијата за да им текне дека револуционерот е еден од најголемите македонски синови, вели членот на ИО на СДСМ и директор на „Македонија пат“, Костадин Ацевски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Според Ацевски, „ВМРО-ДПМНЕ конечно дозна дека Делчев е еден од плејадата македонски дејци“.
-За разлика од Александров, Ќосето, Ванчо Михајлов, ликови кои ги промовираа и идеализираа во изминатиот период. Чудно е после 32 години да знаете кој е најголем македонски син, потенцира Ацевски.