Блинкен: За украинската криза е потребно дипломатско решение

од Nikola Popovski
160 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека најдоброто решение за украинската криза е дипломатско и оти очекува разговори за тоа со Франција, Германија и Британија во наредните денови.

„Како што знаете, ние сме ангажирани на двоен колосек – од една страна, се обидуваме да најдеме дипломатско решение кое е најдобро и најодговорно, но од друга страна работиме на одвраќање на Русија од агресија“, рече Блинкен на пат за Австралија.

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој се сретна со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски, рече дека решавањето на кризата може да потрае со месеци.

„Не смееме да ја потцениме тензијата во која се наоѓаме, која е без преседан. Не верувам дека кризата може да се реши со неколкучасовна дискусија“, рече Макрон.

Макрон објави дека и Зеленски и Путин ветиле дека ќе ги почитуваат договорите од Минск и од 2014 година од Минск, кои биле одговор на руската анексија на Крим и имаат за цел ставање крај на конфликтот во источна Украина. Во тој конфликт досега загинаа повеќе од 14.000 луѓе.

Слични содржини