139
Едноставна и вкусна каша која ќе ве засити.
Состојки: (за 2 лица)
– 4 дл млеко
– 150 гр овесна каша
– 2 лажици мед
– 1 шака сечкани бадеми
Подготовка:
Ставете го млекото да се загрее и додадете ги снегулките.
Мешајте додека не зоврие и згусне, а потоа додадете ги сечканите бадеми.
Тргнете го од оган и по неколку минути додадете мед, па промешајте.
По желба може да се додаде суво грозје и други јаткасти плодови.
Послужете топло или ладно по желба.
Добар апетит!