Гир гледа напредок во односите меѓу Скопје и Софија

од Берта Китинска
307 прегледи

Ние секогаш сме ги повикувале Република Северна Македонија и Република Бугарија да разговараат се со цел да ги надминат разликите и за да може што поскоро да ги отвориме пристапните преговори со Република Северна Македонија, кажа амбасадорот на ЕУ во земјава Дејвид Гир.

-Изминатите неколку денови сите бевме охрабрени да ги пофалиме напорите од двете страни кои се во функција на пристапните преговори и тие да почнат што поскоро. Но, се додека тоа се случи, мислам дека е многу важно сите чинители да се фокусираат на реформскиот процес, на имплементација на реформите кои ќе ја доближат земјата до Европската Унија. Потребни се практични чекори за да се унапредат реформите и што побрзо се движи имплементацијата на реформи, толку пократок ќе биде патот на земјата до ЕУ. Охрабрени сме од позитивниот развој и случувања во изминатите неколку денови, изјави амбасадорот Гир кој денеска е во официјална посета на Општина Битола, вели Гир.

Слични содржини