Мицкоски: Не можеме да прифатиме дека до 1945 година имаме заедничка историја и сме биле Бугари

од Берта Китинска
238 прегледи

Цело време сме оптимисти дека ќе има достоен договор, дека ќе биде договорот не едностран туку ќе биде навистина пропорционален. Но, за жал, досега тоа не се случило иако ме убедуваа порано дека ги решиле сите проблеми со соседите, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во врска со преговорите со Бугарија.

-Гледаме дека не се решени проблемите со соседите, сосема спротивно. Отворен сум како и секогаш. Не е суштината трипати да преговараме за ова, еднашка за историјата. Суштината е изминатите месеци и години кога добивавме вето добивавме поради една едноставна причина, а тоа е дека ние не можеме да прифатиме дека сме биле Бугари до 1945 година, односно од среден век до 1945 година дека имаме заедничка историја и дека сме биле Бугари. Малку парадоксално сето тоа звучи. Од прилика на тоа се сведува. Колку и да се обидуваат да ни кажуваат четири пати вака, трипати вака, вели Мицкоски на новинарско прашање дали е оптимист и што очекува од работата на комисиите кои се формирани за продлабочување на соработката со Бугарија, смета Мицкоски.

Слични содржини