Принцот Чарлс повторно се зарази со корона

од Nikola Popovski
779 прегледи

Принцот од Велс повторно доби позитивен резултат од ковид-тестирањето и е во самоизолација, потврдија од неговата резиденција.

Кларенс Хаус од резиденцијата на принцот Чарлс, на својот Твитер профил потврди дека 73-годишниот наследник на британскиот трон е во самоизолација, бидејќи е потврдено дека имал позитивен ковид-тест.

Веста за позитивниот тест стигна само неколку минути пред принцот да се појави на настан во Винчестер, на југот на Англија.

Медиумите потсетуваат дека ова е втор пат принцот Чарлс да биде позитивен. Првиот пат беше заразен во март 2020 година.

Од резиденцијата на принцот потврдија дека примил три дози од вакцината, но не навлегуваат во детали дали и какви симптоми има. Исто така, сè уште не е потврдено дали принцот неодамна ја видел својата мајка, кралицата Елизабета.

Слични содржини