Со скрининг по случаен избор ќе се види дали и каков имунитет има населението

од Nikola Popovski
319 прегледи

Од понеделник ќе почне скрининг-тестирање по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на коронавирус има населението во земјава, информира вечерва претседателот на Комисијата за заразни болести (КЗБ), д-р Александар Петличковски.

Докторот појаснува дека доколку не соберат доволен број испитаници ќе го продолжат и за следната недела.

-Очекуваме да дознаеме во овој момент, една година после првото истражување, колку од тестираните луѓе имаат некаков имунитет, рече Петличковски.

Тој додаде дека тестирањето се планира да се прави на примерок од 1000 испитаници во Скопје, но најави дека има можност и да се прошири во целата земја.

Првото вакво тестирање беше направено пред речиси една година.

-Со скрининг по случаен избор стигнавме до бројка од 31 процент луѓе со имунитет кон Ковид-19, што не е ниту добра, ниту лоша. Тоа покажува колку луѓе во изминатиот период се сретнале со вирусот, го поминале и сега имаат имунитет, изјави тогаш Петличковски, кој е директор на Институтот за имунобиологија.

Слични содржини