Ѕвезда на Баерн обвинета дека принудува коњи на неприродни сексуални дејствија

од Nikola Popovski
319 прегледи

Ѕвездата на Баерн, Томас Милер е во центарот на еден од најбизарните скандали, кој не е поврзан со фудбалот.

Милер веќе некое време одгледува зајаци и коњи со неговата сопруга Лиска, која е јавач и тренер.

Тие се сопственици на фарма, а заработуваат продавајќи коњска сперма, бидејќи за една ваква замрзната доза се плаќа околу 200 евра.

Германецот пред неколку дена објави дека еден од неговите коњи е повреден.

-За жал, имаме лоши вести. Нашиот омилен коњ, Д’Ави нема да биде достапен неколку месеци. Тој се лизна за време на тестирањето пред сезоната на парење и падна. Се здоби со повреда на копитата и ќе мора целосно да мирува во следните неколку месеци. Можеше да оди и полошо“, напиша Милер.

Сепак, ова набрзо предизвика реакција од здружението за заштита на животните.

-Ужасно е што самопрогласените љубители на коњи ги принудуваат животните за кои се грижат на неприродни сексуални дејствија за да го максимизираат нивниот профит. Повредите што Д’Ави ги стекна под надзор на Лиза и Томас Милер можеше да се избегнат, рече Јана Хогер, портпаролката на ПЕТА.

Сето ова се случува во моментот кога се појави видеото каде фудбалерот на Вест Хем, Курт Зума ја шутира својата мачка. Клубот го казни со две неделни плати (250 илјади евра), му ги одзедоа мачките, а наводно познат бренд за спортска опрема го раскинал договорот со него.

Слични содржини