Имаме сериозна намера да бидеме заедно по целиот овој пат. Убедени сме дека летот Софија-Скопје ќе биде единствената алатка за луѓето кои се занимаваат со туризам да имаат повеќе можности, поголем профит и повеќе туристи. Ова го изјави министерот за транспорт Николај Сабев од Скопје.
Според министерот, треба да ги развиваме нашите економски односи на нов начин за да имаат придобивки и радост двете земји. За сериозната посветеност на Бугарија говори и фактот што во нашата делегација е и министерот за туризам, додаде Сабев.
Денеска се прави обид за рестартирање на авио линијата меѓу Софија и Скопје, која постоеше пред повеќе од 10 години, но беше затворена бидејќи беше неисплатлива.
Министерот Сабев во Скопје слета на чело на бугарска делегација со туристички компании. Во моментов се одржува форум на кој учествуваат бугарски и македонски претставници, како и претставници од туристичката индустрија, на кој се разговара за можностите за користење на воздушната линија.