Мојот одговор за вчерашната објава на Комерцијална банка упатена кон мене ја толкувам како никогаш. Јас ја продолжувам својата мисија, изјави бизнисменот Трифун Костовски во изјава за „Локално“ после вчерашното соопштение на банката.
Тој својот одговор го образложува со битка во Втората светска војна.
-За време на Втората Светска војна, последната офанзива на нацистичка Германија беше битката на Ардените, кон крајот на 1944 година“. Оваа битка се водеше против војските на САД и Велика Британија. Бидејќи офанзивата беше изненадна и непредвидлива, а за воените стратези апсурдна, корпусот на Американскиот Генерал Anthony McAuliffe со мала војска се спротиставил на огромната Германска армија. На апелот на Германците да се предадат, тој кратко одговорил “никогаш” (nonce), појаснува Костовски во изјавата.
Комерцијална банка вчера реагираше дека секој обид на Трифун Костовски за замајување и дезинформирање на јавноста и за барање виновници за стечајот на Еуростандард банка е залуден затоа што единствени виновници се тој како акционер и претседател на Надзорниот одбор и менаџерскиот тим на банката.
Тие додадоа дека барање виновници за стечајот на Еуростандард банка е залуден затоа што единствени виновници според нив се тој како акционер и претседател на Надзорниот одбор и менаџерскиот тим на банката.
М.А.