428
Жител на тетовското село Нераште бил фатен како врши јавен превоз на патници без лиценца.
– СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.И.(61) од с.Нераште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 04.02.2022, полициски службеници од СВР Тетово, на регионален пат Тетово-Јажинце, извршиле контрола во возило „форд“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца, посочуваат од МВР.